Приведен скопјанец кој со пиштол и се заканувал на мајка си

Од:

Мерка притвор од 30 дена му е изречена на скопјанецот Ж.В.(21) поради предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста, неовластено пуштање во промет наркотични дроги и неовластено држење оружје.

Ж.В. кој бил девијантен уште како малолетник за што во периодот 2009/2014 година му се поднесени пет прекршочни пријави од Законот за оружје и две за нарушување на јавниот ред и мир, најчесто насилнички се однесувал кон мајка му со која живеел. Тоа кулминирало во вторникот околу 21 часот, во неговиот семеен дом, кога без никаков повод и причина, од пиштол кој го поседувал и носел без одобрение, испукал еден проектил во вратата од дневната соба, каде седел заедно со мајка му и неговата девојка. Мајката исплашена од тоа што се случило, но и сакајќи да го заштити синот, случајот не го пријавила во полиција, а со него се договорила наредниот ден да одат во Клиничкиот центар, каде од страна на психијатар ќе му биде пружена стручна медицинска помош.

Наредниот ден Ж.В. и мајка му околу 8 часот заминале во Клинички центар, но кога пристигнале пред Клиниката за психијатрија, тој извадил пиштол, го вперил кон мајка му, заканувајќи и се дека ќе ја убие, по што се дал во бегство. Мајката го пријавила случајот во полициска станица и набрзо потоа е пронајден и лишен од слобода.При личниот преглед во појасот му се пронајдени два пиштола непозната марка.

Со соодветна наредба извршен е претрес во домот и другите простории на Ж.В. при што се пронајдени еден пиштол „Чешка Зброевка“ кал. 7, 65 со рамка во која имало четири куршуми, два зипери со наркотична дрога марихуана, еден куршум од малокалибарска пушка, еден испука проектил, четири куршуми пиштолска муниција и една опруга од огнено оружје-пиштол.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена