Приведен скопјанец кој сакал да прегази полицаец

Од:

По предходна редовна контрола од страна на сообраќајна полиција на бул.„Србија“ во Скопје, вчера во 03,00 часот, на товарно моторно возило „Рено Мастер“ со странски регистарски таблици лицето Р.Д.(37) од Скопје, кој управувал со возилото не застанал на даден полициски сигнал за запирање и се обидел да ги прегази  полицајците од патролата по што избегал во правец на ул.„Тодор Чангов“ оглушувајќи се на светлосните и звучни полициски сигнали за запирање.

По преземени мерки тој бил пресретнат на бул. „АСНОМ“, запрел со возилото, но кога припадник на полициските „Алфи“ се упатил кон неговото возило, го стартувал возилото, се обидел да го прегази по што го напуштил местото на настанот.

МВР денеска соопшти дека тој е пресретнат покасно од „Алфите“, по што пружил активен отпор, но бил совладан и е приведен во Полициската станица во Кисела Вода.

По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена