Секторот за внатрешни работи-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде лицето Г.И. (27) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво над холандски државјанин во близина на „Зелен пазар“ во скопската населба Ѓорче Петров.
Како што соопшти МВР, со намера да се стекне со противправна имотна корист на 12-ти овој месец во 20 и 50 часот на ул “Новопроектирана“ во Скопје, Г.И. извршил “разбојништво“ над Б.В.Д.Х. (27) при што му одзел планинарска ташна во која што имало лична облека, електричен полнач за фотоапарат марка „Никон“, електричен полнач за „Ајпод“ марка „Сони“, разновидни сувенири при што се стекнал со противправна имотна корист околу 30.000 денари.
Истражент судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Приведениот и холандскиот државјанин претходно се запознале возејќи се во автобус на релација Драч, Република Албанија до Скопје. Кога пристигнале на меѓуградската автобуска станица во Скопје, Г.И. предложил заедно со такси возило да заминат во неговиот дом од каде со негово возило ќе заминат во центарот на Скопје со цел да се прошетаат. Откако пристигнале во домот на Имери, тој со сопсвтвено возило марка „БМВ“ заедно со оштетениот се упатиле кон центарот каде што одреден временски период поминале во разгледувањето на знаменитостите и спомениците истовремено заедно сликајќи се со фотоапарат. По заминувањето од центарот на Скопје и упатувајќи се со возилото во правец кон населба Ѓорче Петров во еден момент при возењето Г.И. му се обратил на оштетениот на италијански јазик со зборовите „ми требаат пари“ по што извадил огнено оружје-пиштол непозната марка и го вперил кон него барајќи му 2.000 евра. Увидувајќи ја опасноста и сериозноста од заканата, оштетениот со раката го оттргнал оружјето ја отворил десната сувозачка врата од возилото и откако Имери го сопрел возилото, излегол и се упатил во за него непознат правец по што случајот го пријавил во полиција. Имери со возилото во која што останала планинарската ташна на холандскиот државјанин се упатил во непознат правец. Украдената планинарска ташна како и предметите кои што биле во неа не се пронајдени.
Оштетениот додека го разгледувал градот од сопствениот фотоапарат направил една фотографија со Г.И. Со потврда одземена е мемориската картичка од дигитален фотоапарат која подоцна му е вратена на Б.В.Д.Х., а со цел Единицата за истрага на местото на настанот и вештачење да изготви фотографија. По преземени оперативно мерки и активности од страна на СВР-Скопје утврден е идентитетот на сторителот. Од базата на лични карти изготвена е фотографија од Г.И. и од страна на холандскиот државјанин извршено е препознавање по фотографии при што тој со сигурност го препознал Г.И. како лице кое што го извршило кривичното дело.