Приведен Русин кој возел камион со 2,44 промили алкохол

Од:

На патот Прилеп-Кавадарци полицијата попладнево привела возач на камион кој управувал со возилото под дејство на алкохол. Рускиот државјанин имал 2,44 промили алкохол во крвта. Веднаш ќе биде изведен пред надлежен судија.

„Вечерва (02.12.2020) околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија, кој управувал товарно моторно возило “волво” со руски регистерски таблички под дејство на алкохол.

Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија, стои во информацијата од МВР.

Би можело да ве интересира

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Со 1,81 промили алкохол во крвта превезувал дигалка на автопат, без одобрение

А1он

Шест возачи се приведени поради безобѕирно возење, дел биле под дејство на алкохол

Во Софија 68-годишник фатен како вози со 5,5 промили алкохол во крвта

А1он

„Камен“ пијан возач од Скопје удри во две паркирани возила

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ