Приведен разбојник од Скопје осомничен за кражби во обложувалници

Од:

Во скопско Ново Село во 06.10 часот изутрината полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 26-годишниот Н.С. од село Ново Село.

Како што информираа од МВР, тој се сомничи дека во периодот од 24.02.2021 до 21.05.2021 со закана од вработени во четири обложувалници на улиците „Митрополит Tеодосиј Гологанов“, „Орце Николов“ и „Никола Тримпаре“ во Скопје одзел пари.

При претрес во неговиот дом во село Ново Село, извршен утрово со судска наредба, билe пронајдени предмети поврзани со кривичните дела. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он