Приведен разбојник од Скопје

Од:

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар вчера во 11.10 часот на ул.„Челопек“ во Скопје, го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје.

– Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на ул.„Челопек“, при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници и нив им се заканил со пиштол, соопштија денеска од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина