Приведен раководителот на КЕЦ Куманово

Од:

По предходно добиени оперативни сознанија и преземени оперативно тактички мерки во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(55) од Скопје, вработен како Раководител на КЕЦ Куманово во ЕВН Македонија АД Скопје. Денеска М.Ј. е спроведен во Основно јавно обвинителство Куманово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“.

Како што информира МВР, оштетениот кој е сопственик на приватно претпријатие од Куманово кое со ЕВН Македонија од 2014 година имало склучено Рамковна спогодба за сервисирање, реконструкции и монтажа на енергетскиот систем, завчера бил повикан од страна на пријавениот, кој директно му побарал до крајот на годинава да му биде исплатена сума од 3.000 евра на име одобрување за наплата на доспеаните фактури како и заради понатамошно работно ангажирање на неговото приватно претпријатие.

Од страна на оштетениот настанот е пријавен во СВР Куманово и по дадени насоки од страна на Јавниот обвинител од ОЈО Куманово, од оштетениот со Записник привремено се одземени 600 евра и 3.000 денари над кои е извршено криминалистичко техничка обработка, по што се вратени на оштетениот.

– Вчера, во попладневните часови, врз основа на предходниот договор оштетениот дошол во КЕЦ Куманово и во канцеларијата на М.Ј му ги предал парите. Од страна на полициските службеници од СВР Куманово врз основа на издадена Наредба од Основен суд Куманово извршен е личен претрес на пријавениот при што му се пронајдени предходно криминалистичко-технични обработените банкноти кои со Потврда за привремено одзмени предмети му се одземени, соопшти МВР.

Од крајот на 2014 година па се до почетокот наноември годинава М.Ј. директно, во повеќе наврати, од оштетениот во вид на награда за наводна успешна меѓусебна соработка побарал и на рака примил сума од 9.500 евра, односно се вкупно побарал и примил сума од 10.100 евра и 3.000 денари.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он