ВИДЕО: Приведен радовишанецот кој возеше на плоштад и се пофали на „Тикток“

Од:

Приведен е радовишанецот кој реши да биде популарен на апикацијата Тикток и на социјалните мрежи со влетување со автомобил БМВ на градскиот плоштад. „Подвигот“ го сподели на Тикток и влезе во групата несовесни возачи кои се фалат на оваа апликација.

„Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката“ – информираат од МВР.

Пред извесен период жител на Арачиново со Бентли возеше низ плоштадот во Скопје. Тој доби казна само од 45 евра. Ден-два подоцна скопјанец со Опел Астра се возеше преку Камен Мост. Вчера се појави видео од двајца возрасни мажи кои учеа дете да пука со пиштол. Сите објавија видеа на Тикток.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Трамп е против забараната на TikTok во САД

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата

TikTok на чекор да биде забранет во САД

А1он