Приведен повеќекратен сторител на тешки кражби

Од:

По претходно добиено оперативно сознание дека е можен сторител на повеќе тешки кражби, од страна на СВР Скопје  е пронајден и приведен Е.С.(23) од Скопје.

Од досега преземените мерки и извршениот разговор со него е констатирано дека Е.С. од септември минатата година досега  сторил дваесет тешки кражби во куќи, лоцирани  во Шуто Оризари и селата Бардовци и Визбегово.

Тешките кражби ги вршел на тој начин што со помош на тврд погоден предмет ги отворал прозорците и влезните врати од куќите и потоа крадел техничка роба (телевизори, лап-топи, дигитални апарати, мобилни телефони, музички системи и др. ), кои потоа ги продавал на лица од Шуто Оризари  и од село Визбегово за  многу пониска цена од куповната, а парите ги употребил  за набавка на наркотични средства.

Врз основа на  судска наредба при извршен  претрес во  куќа  во Шуто Оризари, се пронајдени дел од украдените предмети, а во тек се мерки и активности за пронаоѓање и на останатите предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи. Постојат сознанија дека Е.С. е можен сторител и на други вакви дела, и затоа во тек се активности за нивно расчистување и документирање по што против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Бидејќи Е.С. има пресуда за издржување казна затвор од една година за претходно извршени кривични дела тешки кражби, е спроведен во КПУ Затвор – Скопје.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини