Приведен поранешниот градоначалник на Охрид

Од:

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески утрово е приведен во полициска акција, неофицијално дознава А1он.

Во полициската акција, заедно со поранешниот градоначалник Петрески, утрово уапсени се и дел од вработените во Општина Охрид. Најголем дел од нив биле вработени во Секторот за комунален развој.

Најверојатно, тие се товарат дека се стекнале со против правна имотна корист од над два милиони евра.

Засега нема потврда од страна на МВР за полициската акција.

Петрески беше два мандати градоначалник на Охрид, како кандидат на СДСМ.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата