Приведен Полјак кај езерото Треска, фатен е со голема количина лекови

Од:

59-годишен полски државјанин е приведен вчера во близина на езерото Треска откако полицијата констатирала дека нема регулиран престој во земјава, а потоа при претрес на неговто возило “мерцедес“ биле пронајдени лекови за кои немал никаква документација ниту потврда за потеклото и за транспортот.

– На 05.12.2023 во 16.25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, поточно во близина на езерото Треска, приведен е Л.В.П.(59), полски државјанин. Тој бил затекнат со патничко возило „мерцедес“, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт, информира МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок