Приведен нарко дилер баран од германската полиција кој се криел во тетовско

Од:

Полицијата го уапси 30-годишниот К.И. кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија, информира МВР.

– На 05.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија, за кое дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски