Приведен маж поради поседување оружје без дозвола

Од:

Полицијата приведе триесет и девет годишен маж за поседување без дозвола на повеќе парчиња оружје и муниција.

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходнo добиена судска наредба, при претрес во домот на А.С. (39) во село Марино и пронашла и одзела една ловна пушка марка „BAIKAL“ Mod.IŽ-58, кал.16GA, едно огнено оружје „Zastava Europe“ Mod.M-70, кал. 9мм, две рамки за пиштол, 29 куршуми и 16 ловни патрони, за кои А.С. не поседувал дозвола.

Полицијата, како што информира МВР, пронашла и една ловна пушка „BAIKAL“ Mod. MP-153, кал.12GAх3 и 41 ловен патрон, за коишто лицето поседувало дозвола за оружје.

Лицето е лишено од слобода, а во врска со настанот бил известен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки лицето да се задржи за понатамошна постапка. Предметите со наредба од обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

Би можело да ве интересира

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје