Приведен маж од Желино под сомнение дека ги оштетил бакарните цевки во кругот на тетовската Клиничка болница

Од:

Полициски службеници од Тетово привеле 42-годишен маж од Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 30.08.2021 околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи