Приведен маж од Ваксинце, во негов објект пронајдени 81 мигрант

Од:

Околу пет часот утрово бил приведен 50-годишен маж од село Ваксинце, општина Липково, поради тоа што при претрес во објект во негова сопственост во село Ваксинце, извршен од полициски службеници на СВР Куманово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигранти (од нив 19 се малолетни лица) од земјите од Блискиот Исток, информираат од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце.

По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари