Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 21.45 часот, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З. (26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Од МВР денеска информираат дека за него била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор, осудено за сторено кривично дело по член 418 и по член 131 од Кривичниот законик.
