Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Од:

На мaгистралниот пат М1, во правец Гевгелија-Скопје, на место викано „Паркинг Милетково“ синоќа во 22.45 часот полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Ѓ.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418 б ст.4 и кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од МВР, тој бил затекнат како прифаќа осум лица мигранти од Сирија во патничко возило „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, кои биле од друго возило.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка, а пријавениот Д.Ѓ. бил предаден на полициски службеници во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби