Приведен криминалец по распишана централна потерница

Од:

Прилепчанец, баран со потерница, пред два дена во Скопје е уапсен за доиздржување затворска казна во затворот во Прилеп.

Од МВР соопштија дека на 17 август 2021 година од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Скопје е лишен од слобода К.Т.(48) од Прилеп, за кого била распишана централна потерница за доиздржување на казна затвор во Прилеп.

-При извршена контрола кај него се пронајдени алати и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со извршени кривични дела и тие се предадени за вештачење, информираат од полицијата.

К.Т. е спроведен за доиздржување на затворската казна во Прилеп, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи