Тетовската полиција привела 61-годишен маж од селото Пирок кој се барал со потерница за издржување казна затвор, информира Министерството за внатрешни работи.
– На 06.03.2021 во 20 часот во Тетово полициски службеници од ПС Тетово го приведоа Н.Ш. (61) од с. Пирок кој се барал со потерница за издржување на казна затвор во траење од една.година за кривично дело по член 396 од КЗ на РСМ, велат од МВР.
Оттаму информираат дека лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.