Приведен криминалец од струшко баран со три потерници за издржување казна затвор од 8 години

Од:

45-годишен жител на струшкот село Октиси по кој биле распишани три потерници за издржување казна затвор од осум години е приведен денска во Скопје.

– По наредба на Основен суд Скопје 1 Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик информира Министерството за внатрешни работи.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари