Приведен криминалец од липковско за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци

Од:

На 16 април во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 37-годишниот С.А. од село Оризаре, липковско, извести МВР.

– Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, „неовластено изработување , држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 и „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби