Приведен криминалец – македонски државјанин во Хамбург баран со потерници, осуден на 17 години затвор

Од:

Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР вчера во Хамбург го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

-Како што информира МВР, К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна. Оваа акција, велат од Министерството, е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски