Полициски службеници денеска го привеле 44-годишниот А.Р. од село Матка, скопско, за издржување на казна затвор од две години и шест месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, извести МВР.
– Денеска околу 10.20 часот на улица „Бутелска“ во Скопје, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделение за потраги Чаир го привеле 44-годишниот А.Р. од село Матка, скопско, за издржување на казна затвор од две години и шест месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за сторено кривично дело „измама“, по член 247 став 4 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.