Полициски службеници од СВР Куманово вчера вечер го привеле 21-годишниот Н.А. од селото Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна, информираат од МВР.
– Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, велат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Куманово.