Приведен криминалец баран со потерница

Од:

Во скопската населба Лисиче синоќа во 18.30 часот е приведено лице кое се барало со потерница за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.

Службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка во содејство со Интервентна полиција, врз основа на судска наредба, соопштија денеска од МВР, го привеле лицето Ј.Љ.(45) од Скопје.

Лицето е спроведено во казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски