Приведен криминалец баран по централна потерница

Од:

Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек потраги, вчера во 19:15 часот на паркинг позади Народна банка по распишана потерница и наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, го лишиле од слобода М.Х.(52) од Скопје за доиздржување казна затвор од две години и три месеци.

Тој, информира МВР, бил приведен по претходно добиени сознанија дека околу 18:00 часот остварил илегален влез во Република Северна Македонија од Косово, каде што престојувал подолг период.

Инаку, М.Х. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти. Тој бил претходно осудуван и одлежал околу 20 години затворска казна. Тој бил предаден во Полициската станица Центар за понатамошна постапка од каде ќе биде спроведен во казнено-поправна установа.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ