Приведен крадец во Скопје

Од:

Единицата за брза интервенција при СВР Скопје синоќа привела скопјанец кој се сомничи дека извршил кражба во станбен објект на улицата „Лондонска“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 19 часот е приведен 47-годишниот Г.Љ. под сомнение дека на 18 октомври одзел повеќе предмети од станбен објект на ул.„Лондонска“.

Тој признал уште седум кражби кои ги сторил во периодот од мај до октомври годинава во станбен објект на бул.„8-ми Септември“ во Скопје од каде одземал повеќе предмети кои подоцна ги продавал.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он