Приведен крадец од Прилеп што крадел во Скопје

Од:

Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(35) и М.Р.(25), двајцата од Прилеп, осомничени дека сториле кривично дело „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 560.000 денари.

Пријавените, на 02.09.2020 околу 13.30 часот во стан на ул.„Манапо“ во Скопје, информираа денеска од МВР, со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отклучиле бравата од влезната блиндор врата, влегле внатре и одзеле рачни часовници, парфеми и други предмети.

– Од увидна екипа од СВР Скопје на местото на настанот извршен бил увид и потоа се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 13.09.2020 првопријавениот бил лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Карпош, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он