Вчера на булeварот „АСНОМ“ во општина Аеродром, полициска патрола го уапсила Ц.Г.(39) од Скопје затоа што бил затекнат при обид да изврши тешка кражба односно да го внесе украденото во возило.
„Во извршен службен разговор со полициски службеници, Ц.Г. го признал и појаснил начинот на извршување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.