Приведен избеган затвореник во Тетово

Од:

Дваесет и едногодишниот О.М. од тетовското село Џепчиште кој на 25 декември избега од воспитно-поправниот дом во Тетово, синоќа е фатен и приведен од страна на полицијата.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информираше дека О.М. е фатен во неговото село вчера околу 21 часот.

Тој на 25-ти декември минатата година не се вратил од отсутство во воспитно-поправниот дом во Тетово на доиздржување на затворската казна за убиство и по него била распишана потрага. Денеска тој е предаден на Казнено-поправниот дом Идризово-Отворено одделение Велес.

Приведениот О.М со правосилна судска одлука во мај 2007 година е осуден на затворска казна од една до пет години, а веќе издржал три години.

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка