Денеска околу 13 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со „корона вирусот“, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.
А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.