А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Приведен гостиварец за недозволена трговија со дрога

by А1он13/12/2014 - 13:12131
Share0

Полицијата од  „Гостивар“  реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што од слобода лиши едно лице, македонски државјанин и заплени околу 20 грама непозната кафеава прашкаста материја и околу 2 грама непозната бела прашкаста материја.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера по претходно добиени оперативни сознанија дека лицето Н.Л.(59) од Гостивар се занимава со вршење кривични дела поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога, и по добиена наредба за претрес на дом од судија во претходна постапка, полицијата изврши претрес на домот на лицето при што пронајде една полиетиленска ќеса со околу 20 грама непозната прашкаста материја со кафеава боја, најверојатно хероин и две помали полиетиленски ќеси со околу 2 грама непозната бела прашкаста материја, најверојатно кокаин. При претресот на домот пронајдени и одземени се и еден гасен пиштол марка „ECOL“, три куршуми со калибар 9 мм, 21 куршум со калибар 6,35 мм, 8.800 денари и 50 евра.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на понатамошно вештачење, додека лицето Н.Л.  е лишен од слобода и предаден во ПС ОН „Гостивар“ и против истиот ќе биде поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство – Гостивар за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”  и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

drogamvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео