Приведен еден од насилниците кој во автобус се закануваше на жена која му кажа да стави маска

Од:

Полицијата приведе едно од двете лица кои беа снимени како се закануваат и навредуваат патници во автобус на ЈСП, бидејќи им кажале да стават маски. Според извори на „А1он“, тој признал и дека бил учесник во настанот. МВР и натаму трага по вториот учесник во настанот. Засега нема потврда од полицијата, од каде велат дека се работи на случајот.

Од видеото кое е јавно објавено се слуша како едното лице упатува смртни закани кон патничка, за која беше објавено дека е повозрасна жена. Откако таа му укажала да стави маска додека се превезува со автобусот, што е задолжително поради заштита од коронавирусот, тој и вели: „Ќе треба на некого главата да му ја сечам, стварно сте безобразни, не се занесувајте, кујзнае какви лекови пиете“, а потоа додава: „немој госпоѓо да ми… немој… ќе те носам, во киселина ќе те турам, не знаеш со кого имаш работа“.

Второто лице, се слуша како се заканува на шоферот на автобусот, кого го принудува да застане иако нема автобуска постојка.

„Шефе отвори вратата, ако нема станица, јас ти кажувам, јас ти велам“, вели второто лице, а откако шоферот му вели: „Пополека, ќе се симнете, сите сме исти“, тој враќа: „Ние сме верници, вие сте неверници“.

Од видеото се слуша како во позадина женски глас дофрла: „Вака верник не се понаша“.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он