Приведен дилер на херион во Гостивар

Од:

Триесетгодишен гостиварец е приведен под сомнение дека неовластено продавал и поседувал наркотици, откако при претрес на неговиот дом полицијата пронашла десет пакувања хероин.

– Полициски службеници вчера предпладне извршиле претрес со судска наредба во станот на Н.Д. (30), на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. При претресот, во една од собите пронајдени се 10 пакувања со хероин. Во станот бил и Х.У. (41) кој заедно е Н.Д. е приведен во полициската станица Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Пронајдената количина хероин, 27 илјади денари во разни апоени и еден мобилен телефон, со потврда се одземени.

Во текот на денот, двајцата со пријава  за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци