Приведен дилер на дрога по распишана централна потерница за издржување на казна затвор од 3 години

Од:

Денеска (12.10.2022) во 10.10 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(46) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси директор кој прими поткуп од 50.000 евра

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

30 дена притвор за маж од Мала Речица кој се закануваше дека ќе изврши терористички акт со огнено оружје

Горан Наумовски

Македонски државјанин баран за три убиства e уапсен во Тирана

Горан Наумовски

Истрага: Фехми Стафа барал 100.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Горан Наумовски

Приведен е скопјанец кој со нож им се закануваше на сопругата и синот