Приведен дилер на дрога од Скопје

Од:

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот скопјанец А.Г. осомничен за недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги. На А.Г. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а во полицијата е евидентиран и за други кривични дела.

Како што соопшти МВР, тој лани и оваа година неовластено од непознато лице набавил неодредена количина марихуана, која ја чувал во викенд куќа на неговиот татко во село Раштак, ја препакувал во својот дом и во близина ја вршел продажбата. На 24 јуни биле претресени неговиот дом и викендичката во Раштак, при што биле откриени и одземени една дигитална вага и 755,9 грама марихуана.

Од 1992 до 2007 против А.Г. биле поднесени 10 кривични пријави за сторени кривични дела: „противправно лишување“, „загрозување на сигурноста“, „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „кражба“ и „тешка кражба“, при што за дел од нив изречени му се мерки „задолжително психијатриско лекување“, казни затвор и парична казна.

Би можело да ве интересира

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР