Приведен дилер на дрога од кичевското село Гарани

Од:

Полициски службеници од ОВР Кичево ноќеска во 00.35 часот го лишиле од слобода 38-годишниот Д.А. од кичевското село Гарани, осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, вчеравечер е извршен претрес во домот и други простории кај Д.А. во село Гарани.

-При претресот се пронајдени и одземени стебла од канабис сатива, марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, ловен патрон, ќеса со кафеава грутчеста материја. Д.А. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи