Приведен дилер на амфетамин во Скопје

Од:

Полицијата денеска приведе едно лице бидејќи при претрес во неговиот дом пронашла едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин и марихуана, како и сад со синтетичка дрога амфетамин и вага со остатоци од амфетамин.

– Во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, денеска бил извршен претрес на ул. „Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) во Скопје, соопшти МВР.

Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во полициската станица Гази Баба и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица