Приведен битолчанец кој ограбил обложувалница во Прилеп

Од:

29-годишен битолчанец е приведен под сомнение дека од обложувалница во Прилеп украл сеф со пари информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција од СВР Битола на 02.07.2021 го лишиле од слобода А.Б.(29) од Битола, поради основано сомнение дека е извршител на тешка кражба од спортска обложувалница во Прилеп, при што бил одземен метален сеф со пари. Лицето и кривичната пријава се предадени во Основното јавно обвинителство Прилеп за понатамошна постапка, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа