Приведен 25-годишен жител на Виничани, прегазил сожител

Од:

Полициски службеници од СВР Велес попладнево го уапсиле 25-годишниот С.К. од село Виничани, општина Градско. Тој во селото со возило „фиат панда“ удрил во 43-годишниот А.Ц. од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот, информира за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.

Настанот се случил денеска меѓу 15 и 16 часот. Полицијата кратко време по настанот го привела 25-годишниот С.К.

– По целосно документирање на случајот против С.К. ќе следи соодветна пријава, најави Самарџиев.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти 89-годишен жител на Росоман – затворен е патот Градско–Прилеп

А1он

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Фатон Љури осуден на 11 години затвор – го прегази Југослав Николовски на кејот на Вардар

А1он

(ВИДЕО) Прегазен човек на пешачки премин во центарот на Скопје

А1он

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он