Камион усмрти 89-годишен жител на Росоман – затворен е патот Градско–Прилеп

Од:

Загина 89-годишен жител на Росоман, во него удри товарно возило, изјави портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева.

– Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско – Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци – појасни таа.

Известен бил јавен обвинител и во тек е увид од страна на увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Во моментов, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во прекин и се пренасочува по регионалните патни правци Р103 и Р107.

Би можело да ве интересира

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Фатон Љури осуден на 11 години затвор – го прегази Југослав Николовски на кејот на Вардар

А1он

(ВИДЕО) Прегазен човек на пешачки премин во центарот на Скопје

А1он

Почина 83 годишен скопјанец, го прегазија на патот меѓу Горно и Долно Лисиче

А1он

Дете седна зад волан и прегази пешак – неговиот татко е уапсен

А1он