Притворен скопски дилер на дрога

Од:

Дваесет и петгодишниот скопјанец Б.А. доби кривична пријава и 30 дена притвор поради основано сомневање дека сторил кривично дело- “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, Б.А. почнувајќи од крајот на минатата и во текот на оваа година неовластено набавил, точно неутврдена количина на наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својот дом и ја препакувал во помали паковки наменети за продажба на уживатели. Полицијата со судски налог извршила претрес во домот на Б.А. при што се пронајдени и одземени 19 најлонски пакувања со непозната растителна материја, една грутка непозната материја, една дигитална вага и над 30.000 денари.

По извршеното вештачење, утврдено е дека растителната материја во одземените најлонски пакувања е наркотична дрога – марихуана со вкупна тежина од 822,2 грама, додека одземената грутка НН материја е наркотична дрога – хашиш со вкупна тежина од 1,35 грама.

Во периодот од 2004 до 2013 година против пријавениот Б.А. се поднесени вкупно пет кривични пријави од кои две за кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и по една кривична пријава за кривичните дела – „затајување“, „кражба“ и „самовластие“.

Од почетокот на акцијата „Мрежа“ кривично пријавени се околу 150 нарко-дилери, а запленети се и над 515 килограми различни видови дрога, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас