Притворен Пакистанец за разбојништво во Липково

Од:

Притвор за разбојништво заработи дваесет и едногодишен државјанин на Пакистан кој заедно со уште девет непознати лица физички нападнале група мигранти од кои украле евра и златен накит.

Јавното обвинителство сооипшти дека ОЈО Куманово поведе постапка против државјанин на Пакистан кој на 18 јули оваа година, околу пладне, во планинскиот предел на место викано „Под камен“, во атар на село Лојане, општина Липково, во состав на група со уште девет НН лица, со употреба на сила и опасно орудие од друг одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

-Осомничениот заедно со другите лица од групата пресретнале мигранти кои се движеле пеш во село Лојане, по што упатувајќи закани кон оштетените започнале со метални шипки да ги удираат оштетените по главите и телата. Притоа од секој од оштетените одзеле пари во износ од 600 до 800 евра, а од дел од нив и златен накит кој оштетените го носеле со себе. Осомничениот заедно со други засега непознати лица од групата, ги задржале оштетените заканувајќи им се по живот, се до моментот кога биле откриени од страна на полициските службеници по што непознатите лица од групата се разбегале во непознат правец, а осомничениот бил фатен од полициските службеници, појаснуваат од ЈО.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднел Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, а судијата на претходна постапка му определил притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР