Притворен насилник кој нападнал возач од Скопје

Од:

Денеска (03.08.2022) од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Б.Ф.(36) од Скопје за две кривични дела, и тоа “насилство” по чл.386 и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали по чл.396 од Кривичниот законик.

Тој на 02.08.2022 околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што го оштетил и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле и сопругата на З.Т. и нивните две малолетни деца.

Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ околу 17.30 часот Б.Ф. бил лишен од слобода, а кај него бил пронајден и пиштол. Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он