А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притворен гостиварец кој бил во бегство за поседување марихуана и кокаин

by А1он18/12/2019 - 15:02398
Share0

Дваесет и две годишен гостиварец вчера е лишен од слобода и му е одреден 30-дневен притвор, откако Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против него поради сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

– На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен гостиварец, но тој се дал во бегство. Притоа во дворот на една куќа фрлил машка чанта во која се наоѓале 32 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 36,39 грама и едно пакување кокаин со нето маса од 0,17 грама. Дрогата веднаш била подигната од страна на полициските службеници, додека лицето било лишено од слобода на 17 декември, соопшти Јавното обвинителство на РСМ.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто