СВР-Битола поднесе кривична пријава против 45-годишниот битолчанецот З.К. осомничен за сексуален напад врз малолетник кој ненаполнил 14 години и задоволување на полови страсти пред друго лице.
Од СВР-Битола информираат дека битолчанецот З.К. бил приведен во текот на вчерашниот ден и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Јавноста во Битола деновиве во неколку наврати реагираше дека сомнително лице се движи околу училиштата во градот и претставува потенцијална опасност за децата, а по интервенцијата на екипи на СВР-Битола овој проблем ќе биде надминат.