Притвор за тројцата кои беа фатени со 100 килограми марихуана

Од:

На три лица кај кои во возило на патот Скопје – Велес беа пронајдени 100 килограми мариухана им е одреден притвор од 30 дена информираат од Јавното обвинителство.

– Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во количина од 99,95 килограми. Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил БМВ. Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатна станица при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз соизвршители заради попречување на истражната постапка и опасност да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип