Притвор за тренерот по џудо кој се сомничи за злоставување малолетнички

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување.

На предлог на јавен обвинител на осомничениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.

– Како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба осомничениот извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, а Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.

Против лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, велат од Обвинителството.

Од Македонската џудо федерација попладнето соопштија дека осомничениот тренер не е член на Федерацијата, откако поради други престапи му била одземена лиценцата за тренер и бил исфрлен од федерацијата.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес