Џудо федерација: Тренерот од Прилеп обвинет за силување малолетничка одамна не е наш член

Од:

Во однос на последните информации за приведување на еден поранешен тренер по џудо, Македонската џудо федерација испрати соопштение до медиумите во кое го дава следното појаснување:

„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот.

Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.

Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт,“ велат од Федерацијата.

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување. На осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.

Би можело да ве интересира

Мртов старец пронајден во изгорена куќа во Кичево

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

Тројца осомничени за разбојништво во обложувалница

Кривична пријава за директорот на Водовод Битола поради привремените вработувања

Приведен Полјак кај езерото Треска, фатен е со голема количина лекови

Скопјанец пријавил дека двајца малолетници го силувале неговиот малолетен син

Горан Наумовски