Притвор за скопјанец за обид за шверц на „хероин“

Од:

МВР до Основното јавно обвинителство- Велес поднесе кривична пријава против Е.Р.(58) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, а од страна на судија на претходна постапка изречена му е судска мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што соопшти денеска МВР, на 27-ми овој месец на граничниот премин „Богородица“ при обид за влез на територијата на Република Македонија од Република Грција, се пријавил Е.Р. со патничко моторно возило марка „Мерцедес МЛ“ со скопски регистарски ознаки. Од страна на полициските службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Гранична контрола „Богородица“ и царинските службеници од ГП „Богородица“, при зајакната контрола на државната граница било селектирано возилото за да биде извршен царински и полициски преглед и претрес.

Од извршениот претрес во возилото од страна на царинските службеници, под менувачот пронајден е специјално направен бункер во редукторот за задните погонски тркала на возилото. При извршениот детален претрес на возилото биле пронајдени: 12 полиетиленски пакувања со непозната прашкаста материја на кои било испишано со црн и плав фломастер буквата “В“, едно искинато полиетиленско пакување со непозната прашкаста материја собрана од внатрешноста на редукторот, метална плочка, дел од менувач со остатоци од прашкастата материја, исечен дел од лименка со остатоци од прашкаста материја, празно полиетиленско ќе се со остатоци од прашкаста материја, како и хартиена кеса од правосмукалка со остатоци од прашкаста материја.

По извршеното вештачење на предметниот материјал, утврдено е дека прашкестата материја од предметните 12 политенски пакувања претставува опојна дрога хероин со вкупно нето маса од 2789,5 грама хероин чија што вредност на мало е проценета на над 200.000 евра.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он